Ѓоковиќ ќе направи кратка пауза по Австралија опен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше поразен од Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен, па поради тоа реши да направи кратка пауза.

Ѓоковиќ ќе паузира од тениските терени, односно се очекува да го пропушти турнирот во Дубаи на кој играше во изминатите години.

Според податоците, Ѓоковиќ треба да се врати на теренот дури за Мастерсот во Индијан Велс кој е закажан од 6 до 17 март.