Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен, а сега се појавија и некои непознати детали.
Синер славеше со 3-1 во сетови против поранешниот освојувач на турнирот во Мелбурн, а потоа ја освои титулата против Данил Медведев.
Ѓоковиќ пред натпреварот се соочил со здравствени проблеми, односно имал температура пред полуфиналето.
„Новак имаше температура пред финалето. Нешто слично на тоа што го имаше Зверев. Беше болен три недели, но повторно закачи некој вирус. Не сакаше да оди на доктор за да не го нападнат новинарите и да го скршат психички“, откри Лука Николиќ.