Едно лице загина и над 20 се повредени во пукање на парадата на Канзас сити (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Парадата на Канзас сити се претвори во трагедија, откако се случи пукање во близина на железничката станица во центарот на Канзас, при што едно лице загина, а над 20 се повредени.

Американските медиуми пишуваат дека играчите на Чифс биле на бината кога почнало пукањето, по што сите почнаа да бегаат за да се спасат.

Над 800 полицајци беа распоредени низ градот поради парата, а полицијата веќе соопшти дека не станува збор за тероризам туку за караница која преминала во хаос.

Екипата која го освои Супербоулот соопшти дека нема повредени членови на тимот во хаосот.