Рајковиќ импресиониран од неверојатниот Димитријевиќ


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Уникс Казан славеше против ЦСКА Москва со 84-78, а неверојатен натпревар одигра македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ кој постигна 38 поени.

Македонскиот репрезентативец го воодушеви и неговиот сонародник и тренер на ЦСКА, Емил Рајковиќ.

Рајковиќ имаше само пофални зборови за Димитријевиќ и кажа дека македонскиот кошаркар бил незапирлив.

„Честитки за Уникс и Димитријевиќ, кој беше незапирлив. Користевме различни начини за одбрана, но тој нè уништи“, кажа Рајковиќ.