Адеми повеќе нема да го носи дресот на Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на Македонија, Благоја Милевски соопшти дека Аријан Адеми повеќе нема да биде дел од репрезентацијата.

Милевски следната недела треба да го објави списокот со избрани фудбалери за пријателските дуели со Молдавија и Црна Гора.

„Списокот ќе биде поширок во однос на квалификациите, ќе има 27 или 28 фудбалери. Поради повреда ќе го немаме Исник Алими. Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3 јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје“, кажа Милевски.