Конорс се понуди да биде тренер на Ѓоковиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот американски тенисер Џими Конорс се понуди да биде тренер на Новак Ѓоковиќ, откако Србинот ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ.

Конорс во подкаст кај син му Брет кажа дека со задоволство би соработувал со најдобриот тенисер во светот.

„Кој не би сакал да биде тренер на Ѓоковиќ? Доколку ми се даде таква шанса, ќе бидам почестен. Новак не игра секоја недела, тоа е една од работите кои се корисни. Не сакате да патувате 40 недели годишно“, кажа Конорс.

Американецот е рекордер по број на освоени титули кај тенисерите со победи на 109 турнири.