Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси игра катастрофално и оваа сезона под водство на Маурицио Покетино, откако и минатата сезона беше за заборав откако клубот промени неколку тренери.
Покетино не го врати клубот на победнички патеки, иако мора да се признае дека веќе го однесе во едно Куп-финале, а на добар пат е да го направи тоа и во уште едно натпреварување.
Екипата од Лондон сè уште е без трофеј оваа сезона, откако претходно беше поразена од Ливерпул, па Покетино ќе бара спас во ФА-купот.
Аргентинецот има уште 18 месеци од договорот со Челси и негов отказ би чинел околу 10 милиони фунти.