Мемфис го повлече дресот на легендарниот Марк Гасол (Видео)

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол стана вториот играч во историјата на Мемфис чиј дрес ќе биде повлечен од употреба.

Гасол во дресот на Мемфис играше три пати на Олстар-мечот, а беше прогласен и за најдобар дефанзивец во сезоната 2012/13.

Шпанецот во НБА-лигата играше и за Торонто, но и Лос Анџелес Лејкерс, додека во Европа го носеше дресот на Барселона и Жирона.