Кошаркарите на Далас поради Дончиќ носеа маички со натпис на српски јазик! (Видео)

Ѕвездите на Далас маверикс на вчершаниот меч против Мајами хит се појавија со маички со натпис на српски јазик и почнаа кампања за избор на Лука Дончиќ за МВП.

На маичките беше испишано „Вистински МВП“, а со тоа сакаа да го поддржат Дончиќ кој има одлични настапи оваа сезона.

Словенецот во просек постигнува по 33,9 поени, 9,8 асистенции и 9,2 скокови по натпревар.