Кога планира Модриќ да го одигра „последниот танц“?

Шпанските медуми пишуваат дека Лука Модриќ се откажал од идејата да замине од Реал Мадрид, иако има помала минутажа, па пред него се две опции.

Една е да остане во Реал без разлика на минутажата до следната година кога ќе ја прекине кариерата, а втората и наводно поверојатна е таа дека ќе ја заврши кариерата по Европското првенство (ЕП) во Германија.

Модриќ наводно сака да ја заврши кариерата како фудбалер на Реал Мадрид, а доколку шпанскиот тим не му го продолжи договорот, тогаш Хрватот ќе замине во пензија по ЕП во Германија.