Рома објави нови детали за фудбалерот кој колабираше на теренот (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рома соопшти дека здравствената состојба на Еван Ендика е добра, откако дефанзивецот колабираше за време на мечот против Удинезе.

Ендика се пожали на болка во градите и беше пренесен во болница, а судијата го прекина натпреварот.

Екипата од Рим синоќа објави фотографија од Ендика и соопшти дека се наоѓа во добра состојба, но мора да бидат направени дополнителни тестови.