Милан ќе го замени Пиоли со бивш тренер на Реал Мадрид

„Газета дело Спорт“ пишува дека тренерот на Милан од следната сезона ќе биде Хулен Лопетеги, кој во минатото го тренираше Реал Мадрид.

Лопетеги на почетокот на сезоната го напушти Вулверхемптон, а претходно го тренираше Реал Мадрид и беше селектор на Шпанија од 2016 до 2018 година.

Милан има ужасна сезона поради која Стефано Пиоли си заминува од клубот.