Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал славеше со 3-2 против Тотнем во 35. коло од Премиерлигата, но сè уште има многу работа пред гигантот од Лондон за да ја освои титулата.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека неговите фудбалери мора да бидат подобри и да се надеваат на кикс на Манчестер сити ако сакаат да се радуваат на пехарот.
„Не треба да се опуштиме, мора да бидеме подобри. Има простор за напредок и ни претстои дуел против Борнмут. Ние сме дел од битката за титулата. Имаме мотивација, а ова беше емотивно напорен месец“, кажа Артета.
Арсенал следниот меч го игра против Борнмут на „Емирати“, додека Манчестер сити го пречекува Вулверхемптон на 4 мај.