Ѓорческа по седум години ќе игра на Ролан Гарос


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно ќе заигра во квалификациите на Ролан Гарос кои се закажани во период од 20 до 24 мај.

Ѓорческа по седум години повторно ќе се обиде да стигне до главниот дел од турнирот во Париз, а допрва ќе ја дознае првата противничка.

Ова ќе биде осми настап во квалификациите на гренслем-турнирите за тенисерката од Тетово, а најдобар резултат оствари на Австралијан опен во 2017 година кога стигна до третото коло и беше пред пласман на главниот турнир.