Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тајсон Фјури имаше големи проблеми на мечот против Александар Усик и загуби на поени, но по битката кажа дека победата требало да му припадне на него.
Британецот не беше задоволен од судиската одлука и кажа дека Усик победил само зашто Украина е во војна.
„Јас сум победникот во оваа борба. Тој победи во неколку рунди, но јас бев подобар во повеќе. Неговата земја е во војна и затоа му ја дадоа победата. Нема да плачам и да барам изговори, туку ќе одморам и потоа ќе се подготвувам за нова битка“, кажа Британецот.