Трамп му даде големо ветување на Нурмагомедов (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше присутен на УФЦ настан во Њу Џерси и се сретна со Хабиб Нурмагомедов.

Трамп доби овации од публиката додека навивачите го чекаа мечот меѓу Дастин Порие и Ислам Махачев, а кандидатот за нов американски претседател му вети на Хабиб дека ќе ја прекине војната во Газа.

„Запрете ја војната во Палестина. Знам дека ќе ја прекинете“, кажа Хабиб.

Трамп му даде краток одговор на Нурмагомедов.

„Ќе ја прекинам војната во Газа“, одговори Трамп.