Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белгискиот тренер Винсент Компани седна на кормилото на Баерн Минхен и веднаш ги кажа своите желби за засилувања.
„Скај Спортс“ објави дека Компани го сака Колвил од Челси, кој одлично се покажа во Брајтон, а потоа и во лондонскиот гигант.
Медиумот пишува дека во тек се преговори меѓу Колвил и Баерн Минхен, па останува да видиме дали ќе постигнат некаков договор.
Оваа вест доаѓа по вчерашната објава на новинарот Фабрицио Романо дека Челси не планира да го продаде Колвил ова лето.