Челси е на потег: Кој ќе биде нов напаѓач на премиерлигашот?

Англискиот гигант Челси наскоро треба да донесе конечна одлука за потенцијалниот трансфер на Џон Дуран, откако претходно преговараше со Астон вила за размена.

Челси сè уште е активен на трансфер-маркетот и веќе разгледува други опции за напаѓач, иако агентите на Дуран, но и самиот фудбалер прифатиле трансфер на „Стемфорд бриџ“.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека преговорите се завршени, но Челси го има последниот збор и наскоро ќе реши дали ќе се засили со Дуран или ќе бара нов напаѓач.