Јовиќ погоди во последните секунди, Србија ремизира против Словенија (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српските фудбалери одиграа 1-1 против Словенија во Минхен во второто коло од групата Ц на Европското првенство (ЕП).

Словенија до водство стигна во 69. минута кога Карничик ја затресе мрежата на Србите, а потоа Лука Јовиќ во 95. минута погоди за спас на нашиот северен сосед.

За Србија ова е првиот освоен бод на ЕП, додека Словенија има два, па „орлите“ ќе мора во последното коло да се надеваат на триумф против Данска за пласман во осминафинале.