Ѓорческа доби виза и ќе игра во квалификациите за Вимблдон!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа во Лондон каде што ќе ги почне квалификациите за третиот гренслем-турнир во сезоната, Вимблдон.

Ѓорческа го надмина проблемот навреме и ќе има доволно време да заигра на популарниот турнир.

Македонската тенисерка по вторпат во кариерата ќе настапи во квалификациите на Вимблдон, откако претходно заигра во Лондон во 2017 година.