Белингам: Се чувствувам фантастично, но не би сакал да се повтори ваква драма


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англија славеше со 2-1 по продолженија против Словачка и се пласира во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП).

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам беше херој на Англичаните откако погоди во 94. минута за 1-1, а потоа Хари Кејн стрелаше за целосен пресврт.

„Кога до крајот на мечот има уште 30 секунди и се чувствувате како да сте извршиле предавство, а потоа еден удар ќе промени сè. Тоа е чувство кое не го сакам, но е фантастично. Не би сакал да се повтори. Да се игра за Англија е голем притисок“, кажа Белингам.