Украинка го урна рекордот на Стефанка Костадинова стар 37 години (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Украинската атлетичарка Јарослава Махучик го урна светскиот рекорд во скок во височина стар 37 години.

Махучик во Дијамантската лига во Париз прескокна 210 сантиметри и така го урна рекордот на Стефанка Костадинова, која во Рим во 1987 година скокна 209 сантиметри.

Јарослава вчера немаше конкуренција затоа што таа уште во првиот обид скокна 207 сантиметри.