Ѓоковиќ ги замолче провокаторите на Вимблдон: Дооооообра ноќ!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-2 го декласира Холгер Руне и се пласира во четвртфинале на Вимблдон каде што ќе игра против Алекс Де Минор.

Ѓоковиќ повторно имаше проблеми со дел од публиката на Вимблдон, која постојано го провоцираше, но на крајот на средбата им испрати порака.

„Им честита на навивачите кои останаа и покажаа почит, но и до тие кои решија да покажат непочит. Ви посакувам доооообра ноќ“, им кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ има 24 гренслем-титули и ќе се обиде на Вимблдон да ја збогати својата колекција со уште еден пехар.