Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар договори две пријателски средби во следниот период.
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски објави дека клубот на 23 јули ќе се соочи против Динамо Загреб на „Максимир“, а четири дена подоцна ќе игра против поранешниот премиерлигаш Свонси.
„Црвено-црните“ неодамна добија нова управа, по што заминаа на подготовки во Словенија, а веќе беа најавени и осум засилувања.