Три екипи ќе поделат пари од трансферот на Калафиори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори реши да ја продолжи кариерата во Арсенал, а трансферот изнесува 50 милиони евра, но сумата ќе биде поделена на три екипи.

Дефанзивецот конечно го облече дресот на „топчиите“, а „Скај Италија“ објави дека најмногу пари ќе добие калчолигашот Болоња, односно 27 милиони евра.

Дел од колачот ќе има и за Базел, односно 13,8 милиони евра, додека Рома ќе заработи 9,2 милиони евра од трансферот на Калафиори.