Одложен триатлонот во Париз поради лошиот квалитет на вода во реката Сена


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Машкиот триатлон на Олимписките игри во Париз нема да се одржи денеска поради лошиот квалитет на вода на реката Сена.

Организаторите на три часа пред почетокот на натпреварувањето соопштија дека трката се одложува за утре.

Дождовите кои паѓаа во Париз во петокот и саботата го влошија дополнително квалитетот на водата, па поради тоа мораше да бидат откажани и тренинзите закажани за вчера и завчера.