Проблеми во рајот: Анчелоти му се налути на Белингам


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти им откри на новинарите во САД дека му е лут на Џуд Белингам.

Белингам доби подолг одмор по Европското првенство, па полека им се приклучува на подготвките за новата сезона.

Анчелоти во меѓувреме имал сугестии за својот играч, но Белингам решил да го игнорира.

„Вчера му бев лут на Белингам. Сакав да му се јавам, но тој не одговори. Побарав од Винисиус да му се јави и тој веднаш одговори. Затоа бев лут“, кажа Анчелоти.