Деко на завршни преговори: Олмо наскоро ќе потпише за Барселона


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо наскоро ќе го напушти Лајпциг и ќе потпише за Барселона, откако останаа да се финализираа уште деталите меѓу двете страни.

Олмо се согласи на договор со Барселона до 2030 година, но остануваат преговорите меѓу екипите кои треба да ја договорат конечната сума.

Барселона понудила 40 милиони евра кои ќе ги плаќа на рати по 10 милиони евра од 2025 година, а исто така 10 милиони за бонус ако ја освојат Лигата на шампиони, но и уште толку ако каталонскиот гигант освои две Ла Лиги до 2029 година.