Начевски и Николов ќе судат полуфинале на ЛОИ во Париз


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нов предизвик на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, па ќе треба да ја делат правдата во полуфиналето.

Македонските судии ќе судат на мечот меѓу Германија и Шпанија кој се игра денеска од 16.30 часот во Лил.

Интересно е тоа што Николов и Начевски и претходно им судеа на овие екипи во групната фаза, кога Германија славеше со 33-31.