Миовски се сели во Ла Лига за седум милиони фунти

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се збогува со навивачите на Абердин, откако си договори трансфер во Жирона.

Миовски се сели во еден од најдобрите тимови во Ла Лига минатата сезона и ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а во Жирона треба да биде замена за Артем Довбик.

Шкотските медиуми открија дека Жирона ќе му плати седум милиони фунти на Абердин за Миовски, кој одигра 60 меча за шкотскиот тим и постигна 27 голови.

Жирона се обидува да го комплетира трансферот што е можно побрзо, иако најверојатно Миовски нема да настапи во првото коло од Ла Лига.