Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе се обиде до крајот на сезоната да стигне до првото место на АТП-листата, иако пред себе во моментов ги има Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Алкараз оваа недела ќе игра во Синсинати, каде што минатата сезона стигна до финалето, па може да освои дополнителни бодови ако го крене пехарот.
„Секогаш се обидувам да дојдам до првото место. Трката на АТП-листата е важна за мене. Фокусиран сум на турнирот и сакам да ја освојам титулата, како и да завршам прв на ранг-листата на крајот на сезоната“, кажа Алкараз.
Шпанецот е втор носител во Синсинати, додека главен фаворит за пехарот е Јаник Синер.