Дончиќ возеше трактор и се грижеше за коњи и крави (Видео)

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ реши дел од својот одмор да помине на фарма.

Словенечкиот кошаркар објави видео на кое може да се забележи дека вози трактор и се грижи за коњи и крави.

„Да, ова е прекрасно. Можеш да произведуваш храна и да уживаш во погледот“, кажа Дончиќ.