Стерлинг го напушти Челси и замина во Арсенал

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг беше вишок во екипата на Челси, па поради тоа замина на позајмица во градскиот ривал Арсенал.

Стерлинг ќе игра на позајмица кај „топчиите“ во следната сезона, а во договорот нема откупна клаузула.

„Неверојатно е чувството да се приклучам на Арсенал. Ова е идеално место за мојата кариера“, кажа Стерлинг.

Англичанецот во кариерата претходно играше и за Ливерпул и Манчестер сити.