Ернандез објасни зошто не ги слушал инструкциите на Фонсека


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милан одигра 2-2 на гостувањето кај Лацио во Рим, но мечот го одбележа една сцена во која главна улога беа Тео Ернандез и Рафаел Леао.

За време на освежувачката пауза во второто полувреме, Ернандез и Леао не им се приклучија на соиграчите додека тренерот Пауло Фонсека им даваше инструкции.

Ова предизвика голема бура на социјалните мрежи, но Ернандез набрзо објасни што се случило на теренот.

„На теренот бевме само две минути и не ни требаше освежување. Подготвени сме да му помогнеме на клубот и немаме ништо против тренерот Фонсека“, кажа Ернандез.