Суарез емотивно најави крај на репрезентативната кариера (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Луис Суарез ќе стави крај на репрезентативната кариера, откако против Парагвај ќе го одигра последниот меч за Уругвај.

Суарез е најдобар стрелец во историјата на Уругвај со 69 погодоци, па емотивно го најави својот крај.

„Тешко ми е да го кажам ова, но ќе го одиграм последниот меч за Уругвај. Ќе дадам сè од себе. Имам 37 години, доаѓа крајот“, кажа Суарез.