Дивац: Направив голема грешка со Дончиќ


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Владе Дивац во последното интервју за хрватските медуми зборуваше на различни теми, а притоа призна една голема грешка во кариерата.

Додека беше генерален менаџер на Сакраменто кингс, Дивац не се обидел да го ангажира Дончиќ и посочи дека направил грешка.

„На таа позиција го имавме Де Арон Фокс. Во тој момент сметав дека Фокс е кошаркар кој може да стане одличен играч, времето ќе покаже дали згрешив. Како што стојат работите во моментот, делува дека сум направил грешка, но верувам во Фокс“, кажа Дивац.