Белингам го повреди рамото, Анчелоти ја смири ситуацијата


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека неговите фудбалери заслужено го совладале Еспањол (4-1).

Победата падна во сенка на повредата на Џуд Белингам, кој го повреди рамото што го измести на мечот против Рајо Валјекано минатата година.

„Џуд имаше проблеми со рамото, но останува да видиме како ќе биде добро. Во моментов не изгледа загрижувачки“, кажа Анчелоти.

Засега не е познато дали Белингам ќе може да настапи против Алавес во вторник.