Синер се соочува со жестока суспензија поради допинг скандал


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Светскиот број еден Јаник Синер се соочува со обновена закана од суспензија откако Светската анти-допинг агенција испрати жалба против пресудата за двата позитивни теста кои ги направи во март.

Синер, кој го освои УС-опен, два пати имаше позитивни тестови на анаболички стероид во март, но на 20 август Меѓународната агенција за интегритет на тенисот утврди дека тој не е виновен и не го казни.

Меѓународна агенција за интегритет во тенис го прифати објаснувањето на Синер дека забранетата супстанца влегла во неговото тело како резултат на масажа од неговиот физиотерапевт, кој користел спреј кој содржел стероид за третирање на рана.

Но ВАДА поднесе жалба до Судот за арбитража во спортот, барајќи да се воведе забрана од една до две години за 23-годишниот Италијанец.