Ѕвезда на Баерн ги брои последните денови во Минхен, следна станица е Барселона


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Управата на Барселона исто така следното лето пред сè ќе гледа да донесе фудбалери кои се слободни со оглед на финансиската ситуација во овој клуб.

Како што стојат работите, главната мета на Барселона следното лето ќе биде актуелниот фудбалер на Баерн, Лирој Сане кого уште го сака и екипата на Њукасл.

Сане кој што пет пати има освоено домашни првенства со Манчестер сити и Баерн, се наоѓа во последната година од договорот со гигантот од Минхен.

Тој е еден од играчите кои имаат највисока плата во Баерн иако ретко е стартер во натпреварите на неговиот клуб, особено по доаѓањето на Мајкл Олисе.

Новинарот на Билд, Кристијан Фалк неодамна пренесе вести дека раководството на Баерн е заинтересирано за продолжување на договорот со Сане, но очигледно дека Шпанците имаат некои други информации.

Имено, шпански новинари тврдат дека на Сане не му се седи на клупата и дека сака да игра, а наводно тоа Ханси Флик може да му го вети во Барселона.

.