Џексон избегна суспензија по хаосот со Нотингем Форест, но Челси се соочува со дополнителни санкции


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Николас Џексон избегна казна за удирањето со рака во лицето на фудбалерот на Нотингем Форест, Морато.

Џексон нема да се соочи со казна за инцидентот, што е олеснување за Челси, кои ќе ги немаат Марк Кукуреља и Весли Фофана кои се суспендирани за нивниот следен натпревар против Ливерпул.

Челси сепак се соочува со можноста повторно да бидат казнети откако тие и Нотингем Форест беа обвинети од страна на Фудбалската Асоцијација на Англија (ФА) за неуспешно контролирање на своите играчи за време на хаосот во неделното реми (1-1).

Загубата на Џексон би бил голем удар за тренерот на Челси, Енцо Мареска, но сенегалскиот интернационалец ќе биде достапен да игра против Ливерпул.

Џексон постигна четири голови оваа сезона и е еден од најдобрите играчи на „сините“ заедно со ѕвездата на Челси, Кол Палме.

.