Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер се очекува да биде надвор од терените околу шест недели поради повреда на задната ложа, што ќе го спречи да игра во натпреварите против Челси и Арсенал.
32-годишниот Бразилски интернационалец се повреди за време на победата од 1-0 над Кристал Палас минатиот викенд и излезе од игра во втората половина.
Извештаите во британскиот печат велат дека тестовите покажале дека Алисон веројатно нема да биде спремен да игра до репрезентативната пауза следниот месец.
Тоа би значело дека првиот натпревар за кој би можел да биде достапен би бил патувањето кај Саутемптон на 24 ноември.
Избраниците на Арне Слот се соочуваат со Челси на 20 октомври и Арсенал една недела подоцна, додека следните два натпревари во Лигата на шампионите ќе ги играат против Лајпциг и Баер Леверкузен..
Келехер, кој го пропушти натпреварот против Кристал Палас поради болест, се очекува да застане на голот, како што беше минатата сезона кога Алисон беше надвор поради друга повреда на задната ложа.
По победата на Кристал Палас, Слот предвиде долготрајно отсуство за нивниот прв голман.
„Мора да почекаме и да видиме, но ќе бидат неколку недели за да се врати. Тој е јасно наш број еден, тој е најдобриот голман во светот. Секогаш е удар кога тој се повредува, не само за него, туку и за нас како тим.“, кажа Слот.
Ливерпул имаат 18 поени од седум натпревари во Премиерлигата, односно еден повеќе од Манчестер сити и Арсенал.
.