Седум дена пред церемонијата објавено е името на новиот добитник на „Златната топка“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Церемонијата на доделување на Златната топка е на програмата на 28 октомври, а веќе денес стана познато кому ќе му припадне.

Веќе со месеци се полемизира кој би можел да го добие важното признание за најдобар фудбалер во светот. Кога беа објавени 30 номинации, стана јасно дека тоа нема да биде Лионел Меси или Кристијано Роналдо, кои се приближуваат кон крајот на кариерите.

Но, имаше дилема кој ќе биде победник покрај некои играчи на Реал кои имаа сезона од соништата, но и поединци од Манчестер сиит како Ерлинг Халанд и Родри.

Родри добро котираше бидејќи освен Премиер лигата освои и Европско првенство со Шпанија, додека сепак најмногу шанси се даваат на ѕвездите на Реал кои освоија Ла Лига и Лигата на шампионите, а Дани Карвахал дури и Евро.

И Килијан Мбапе, поранешниот играч на ПСЖ кој сега го носи дресот на Реал, е во потесен избор. Меѓутоа, денес се појави вест дека наградата ја освоил Винисиус Жуниор.