Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс на почетокот на новата сезона славеше против Минесота тимбервулвс со 110-103, а воедно на мечот беше испишана историја од семејството Џејмс.
Ова беше прв натпревар во НБА-лигата на кој настапиле татко и син, откако на паркетот се појавија Леброн Џејмс и Брони Џејмс.
Леброн го започна натпреварот во првиот тим и го заврши со 16 поени, две блокади, пет скока и четири асистенции, додека синот Брони доби три минути на паркетот и не постигна кош.