ПСЖ повторно не сака да му исплати 55 милиони евра на Мбапе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) повторно побара од фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) да му исплати на поранешниот фудбалер Килијан Мбапе 55 милиони евра заостаната плата и бонуси, соопштија извори блиски до случајот.

Финансискиот спор продолжува, бидејќи од една страна Мбапе одбива посредување, а од друга ПСЖ не сака да исплати 55 милиони евра, велат истите извори.

Одлуката на комисијата на ЛФП не е обврзувачка за клубот, кој сега чека одлука на судот пред надлежните правосудни органи. Медиумите пренесуваат дека Мбапе може да се обрати и до Европската фудбалска унија (УЕФА).

ПСЖ соопшти дека се обраќа на правосудните органи, но истовремено се обидува да постигне вонсудски договор со Мбапе.