Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се очекуваше, Барселона официјално го објави обновувањето на договорот на 21-годишниот фудбалерот во средниот ред Фермин Лопез.
„Барселона и играчот на првиот тим Фермин Лопез постигнаа договор за обновување на неговиот договор, со што ќе биде врзан за Клубот до 30 јуни 2029. Клаузулата за раскин е поставена на 500 милиони евра,” се вели во соопштението од клубот.
Фермин го потпиша својот нов договор денес напладне во присуство на претседателот на клубот Жоан Лапорта.
Талентот од академијата се проби во поставата на првиот тим минатата сезона под раководство на Чави и полека се пробива во поставата на шпанскиот национален тим.