Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го отпушти Срѓан Захариевски, по што го назначи новиот тренер, а тоа е Гоце Седлоски.
Седлоски по вторпат во кариерата ќе го предводи скопскиот гигант, а претходно работеше и како спортски директор.
Вардар ја објави информацијата за новиот тренер преку нивниот профил на „Икс“.
Македонскиот стратег во кариерата работеше во Хоризонт Турново, Вардар, Рига, Шкупи, Работнички и други екипи.