Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминативе недели се шпекулира за тоа дека Реал Мадрид сака да го продаде Орелиен Чуамени зошто не се задоволни од игрите на Французинот кој веќе во јануари би можел да го напушти клубот. Секако, Кралевите веднаш најдоа замена за него и тоа во редовите на Милан.
Чуамени доби многу поголема минутажа оваа сезона откако Тони Крос реши да се пензионира, и Карло Анчелоти веруваше дека францускиот репрезентативец може да биде достојна замена за Германецот.
Меѓутоа, Чуамени не се снајде баш најдобро во досегашниот дел од сезоната поради што во Реал наводно не се задоволни, и размислуваат да го продадат Французинот.
Изминативе недели се шпекулира дека Чуамени веќе во јануари би можел да го напушти кралскиот клуб зошто сериозен интерес за него покажа Liverpool.
Иако изгледаше како невозможна мисија да Реал Мадрид го пушти Чуамени на половина сезона да го напушти клубот, како минува времето се чини дека шансите значително растат за таков исход.
Особено затоа што во Реал веќе почнаа да бараат ново засилување во средината на теренот и играч што ќе може да го надомести заминувањето на Kroos што се чувствуваше во досегашниот дел од сезоната.
Шпанските медиуми пишуваат дека Кралевите веќе „детектирале“ играч кој го гледаат како ново засилување и се подготвени веќе во јануари да тргнат по него доколку Чуамени навистина го напушти клубот.
Се работи за Рајндерс кој оваа сезона игра одлично за Милан, а тоа го демонстрираше и пред неколку дена токму во Мадрид каде „росонерите“ со 3-1 го победија Реал во рамките на Лига на шампиони.