Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид и Ливерпул договараат трансфер на францускиот играч за врска Орелиен Чуамени и зделката е многу блиску до реализација, тврдат англиските медиуми.
Миленикот на Карло Анчелоти, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во редовите на Ливерпул. Англиските медиуми пишуваат дека трансферот е многу блиску до реализација.
Деталите за трансферот сега засега не се познати, но се претпоставува дека Кралевите би можеле да заработат околу 100 милиони евра, што секако е врвен зделка.
За трансферот на 24-годишниот фудбалер во Ливерпул се зборуваше и претходно. Сепак, тогаш сите приказни многу брзо завршија и зделката меѓу двајцата великани не беше склопена.
Ливерпул, сепак, не се откажуваше. Црвените беа упорни во неговото доведување и изгледа дека сè би можело многу брзо да заврши.