Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Валенсија е тим којшто е во пад по доаѓањето на Питер Лим како сопственик. Сите млади и добри фудбалери си заминуваат многу рано, нема повеќе квалитет како што беше некогаш кога овој клуб беше редовен учесник во Лигата на шампионите. Дури играа и финале на ова натпреварување.
Следниот кој би можел да си замине за сума од околу 30 милиони е Кристијан Москера.
Овој дефанзивец е одличен оваа сезона, Валенсија се обиде да му понуди нов договор бидејќи сегашниот му истекува во 2026 година, но шпанскиот дефанзивец и младински репрезентативец најверојатно ќе смени клуб на лето.
Милан е најмногу заинтересиран и подготвен да плати до тие 30 милиони, како што известуваат италијанските медиуми.