Белингем: Не е срамота да се загуби од Ливерпул, тие играат најдобар фудбал во Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, рече дека не е срамота да се загуби од Ливерпул и дека англискиот тим повеќе ја посакуваше победата во натпреварот од петтото коло на Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион Реал синоќа на Енфилд загуби од Ливерпул со 0:2, со голови на Алексис Макалистер и Коди Гакпо. Ливерпул е единствениот тим кој има пет победи оваа сезона во Лигата на шампионите и ја запиша првата победа против Реал по 15 години.

„Тие повеќе посакуваа од нас, да бидам искрен. Ова е лош резултат против тим кој игра најдобро во Европа. Не е срамота да дојдеш овде и да загубиш, но сме разочарани од начинот на кој игравме”, изјави Белингем за „ТНТ“.

„Тие ја контролираа играта од првата минута. Ние не успеавме да го искористиме поседот на топката. Кога успеавме да ја добиеме топката, многу пати се обидувавме да одиме на контранапади. Одбранбено нè задржаа така што не можевме да им се заканиме“, додаде англискиот фудбалер.

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал, по пет кола освои шест бода и се наоѓа на 24-то место.